Γеографска Pетроспектива

location.jpg
Плажите на Халкидики, се опкружени со прекрасни обали долги 500 километри, нејзините ридови и планини се зелени со густи шуми. Иако е само еден час оддалечен од Солун, Халкидики е природен рај, недопрен од штетните последици на современата технологија и култура. Место на контрасти, каде што бескрајните, песочни плажи се менуваат со идилични заливи опкружени со карпи. Воздухот е зачинет со мирисот од шуми со елки и солилото на морето.

Климата во Халкидики е блага . Тоа е типично средoземска, со долги, топли лета и благи зими. Егејското Море, кое ги прегрнува бреговите на трите крака на Халкидики (Касандра, Ситониа, и Атос) испраќа свежо ветре на ридовите на внатрешноста. 
Лесната, богата со калиум, песочна-глинеста почва на Халкидики се карактеризира со подпочва богата со калциум, добра структура и водопропустливост. Овие фактори претставуваат одлична основа за одгледување на грозје, зајакнување на аромата на вината произведени од него придонесувајќи во избалансирањето на нивниот вкус.Знаменитости
  • Света Гора
  • Олимпијада, идилично рибарското село
  • Селата Гомати и Голема Богородица. Патување низ спектакуларни предели.
  • Пештерата Петралонон со сталагмити и сталактити. Тука е откриен фосилизиран човечки череп на возраст од 700.000 години.
  • Каналот на Потидеа

Касандра: Селата од кои се состои Касандра се најживописните во Грција. Се карактеризираат со густа вегетација, поплочени калдрми и традиционални куќи. Касандра е повеќе позната за своите прекрасни плажи, повеќето од кои имаат зелени дрвја, златен песок и сини води, создавајќи идилични места за релаксирање.


Извонредните шуми и бујните ридови на Касандра се идеални за истражување и пешачење.

Фурка

Во Фурка може да се видат двете страни на Грција. Кај приморскиот дел, постојат современи хотели, изградени исклучиво за да го разубават одморот на посетителите. Во внатрешноста, живописното село, со својот традиционален карактер функционира како антидот. Околу Фурка има патеки за прошетки во прекрасниот пејсаж.
Ако го сакате сонцето и морето, тогаш Фурка е идеалното место. Во Скала Фуркас постојат безбројни продавници, барови, ресторани до морето како и клуб. Исто така можете да се занимавате и со спортови на вода на прекрасните плажи. 
Традиционалното село го задржа изгледот на 19-тиот век, со куќите со посебна архитектура, саксии со повеќебојни цвеќиња и византиската црква. Во знаменитостите се вклучуваат и патувања во Скиатос и Света Гора како и концерти во амфитеатарот на Сивири.

Информации:

Локални празници: 17 јули, Прослава на Света Марина

Локални производи: мед, маслинки, масло, сардини.

Плажи: Покриени со фин бел песок, идеални за сончање и релаксација. Повеќето од нив, на најактивните посетители им нудат можност да се занимаваат со водни спортови.

Храна: Снек-бар и таверни исклучиво за туристи. Не двоумете се да ја пробате локалната кујна.

Ноќен живот: Барови и таверни распослани низ целата област како и клуб за забава до раните утрински часови. Во амфитеатарот на Сивири се одржуваат концерти. 
Купување: Постој голем број на продавници за вашиот шопинг. Можете да најдете од пешкири и опрема за на море до мед и грнчарски производи.

Идеална дестинација за одмор.

IDEA Хотелот се наоѓа на скалите на Фурка, во Касандра, Халкидики.

Скала Фурка Халкидики
63077 Грција

E-mail: nikosvairlis@gmail.com

Please publish modules in offcanvas position.