Историска Pетроспектива

history.jpg
Халкидики има значајна и забележителна праи-историја. Нејзината историја започнува илјадници години пред познатата Пештера Петралонон со моштите на човек неандерталец, кој живеел пред 100.000 години. Главен град на Халкидики е Полигирос, кој е изграден на рушевините на античка Аполонија, кадешто посебно светилиште имаше Аполон Полииерос а според кој најверојатно градот го зеде своето денешно име. За време на турското владеење Полигирос бил трговски и текстилен центар.

Еден регион на Халкидики со голема историја е Стагира. Во Стагира е роден големиот филозоф Аристотел, учител во истиот град – на Александар Велики. Иерисос е изграден на плажа која го носи неговото име. Од Иерисос минува патот кон Урануполи, која претставува влез во Света Гора.
Халкидики благодарение на својата богата историска традиција им нуди на посетителите можност да запознаат некои од најзначајните археолошки локалитети во Грција, како што е Стагира, античкиот Олинтос, значајната Пештера Петралонон и многу други. Посетителите исто така имаат можност да ги посетат многубројните археолошки, фолклорни и други музеи во регионот, кои со своите значајни експонати ќе ги остават посетителите воодушевени од историската и археолошка традиција на Халкидики.

Знаменитости
  • Света Гора
  • Античка Стагира, родното место на Аристотел во Олимпијада.
  • Археолошкиот локалитет Олинтос
  • Во Иерисос археолошкиот локалитет Акантос
  • Византиски тврдини во Урануполи, во Сани, Неа Фокеа и Торони
  • Неа Рода, најтесната точка меѓу Света Гора и копното на Халкидики онаму каде што Ксерксис ископал канал, во обид во 480 п.н.е. да ја нападне Грција.
  • Посиди најантичкиот храм на Посејдон
  • Никити, Свети Ѓорѓи, брегот на Маслинките со старохристијански базилики
  • Потидеа, со средновековните ѕидини
  • Калитеа, со урнатините на храмот на Амона Диа
  • Музејот во Полигирос
Касандра: Во Посиди и околните места можете да го посетите храмот на Посејдон (од кого беше именуван и градот Посиди), како и светилникот кој се наоѓа на крајот од молот на Посиди изграден во 1864 година. На мало растојание се наоѓа населбата Каландра каде што можете да го видите античкиот локалитет Менди.

Исто така, можете да ги посетите:
  • Кулата Ставроникита во Сани
  • Ветерницата во Касандриа
  • Езерото, каде што живее желката Testudinata, во близина на Полихроно
  • Храмот на Амона Диа и Старохристијанската Вазилика во Калитеа
  • Урнатините на калето и каналот во Неа Потидеа
  • Кулата на Свети Павле во Неа Фокеа
  • Остатоците од античкиот град во Полигирос
  • Традиционалните куќи, плоштади и тесните сокаци во Афитос како и рушевините на античкиот Афитиос

Идеална дестинација за одмор.

IDEA Хотелот се наоѓа на скалите на Фурка, во Касандра, Халкидики.

Скала Фурка Халкидики
63077 Грција

E-mail: nikosvairlis@gmail.com

Please publish modules in offcanvas position.